Што е ОК?

Што е ОК кога станува збор за меснтуралниот циклус и менструацијата?

  • Просечната возраст при менархата (првото менструално крвавење) е 12,5 години
  • Менструалниот циклус варира помеѓу 23-36 дена, обично од 26-30 дена.
  • Крвавењето од матката обично трае 2-7 дена, а нормалниот губиток на крв за време на еден циклус е 25-40 мл, со горна граница од 80 мл.

 

Што доколку вашиот гинеколог додека ви објаснува, употреби некој стручен термин кој вие немате појма што значи? Па после се нервирате дека не сте запамтиле и ви е криво што не сте прашале благовремено. Ќе прашате да ви го објасни! Одењето на гинеколог не секогаш значи преглед, туку и советување.

Ова се пар термини кои можеби е добро да ги знаете во случај да ги прочитате некаде или пак ги дознете уз разговор со гиенкологот:

Аменореa- Тоа е отсуство на менструално крвавење. Може да биде примарна (девојката никогаш немала менструално крвавење) или пак секундарна (девојката/ жената имала менструално крвавење, но сега истото отсуствува во период од најмалку 6 месеци)

  • Олигоменореа- менструален циклус на повеќе од 36 дена.
  • Полименореа- Менструален циклус на помалку од 23 дена. Поли означува многу, во овој случај, ако циклусот се јавува на 20 дена значи дека има многу циклуси во една година.
  • Менорагија- станува збор за регуларно крвавење, но пообилно.
  • Метрорагија- ирегуларно крвавење, (не е регуларно, се јавува крвавење меѓу менструациите)
  • Овулаторно крвавење- Крвавење во средина на циклусот, во време на овулацијата (кога јајце клетката излегува од фоликулот во јајникот)
  • Пробојно крвавење-Крвавење во невообичаено време асоцирано со хормонска терапија или со хормонска контрацепција.

d7909e13-6def-4967-ab6d-13a7eed0189a

Leave a comment