Ендометриоза

Се јавува кај 10% од жените во репродуктивниот период, кај 5% од стерилизираните жени и кај 25% од жени со фертилитетни проблеми.

Станува збор за присуство на ткиво слично на ендометриум на места надвор од празнината на матката (она што лекарите го викаат стручно кавум утери, кавум-празнина, утери, од зборот утерус-матка), а еднометриумот е слузница која ја обложува шуплината на матката и е под влијание на женските хормои што доведува до менструални крваења. Значи ендометриозата е состојба каде слузницата на матката се јавува на места каде што нормално ја нема, како што се:

  • Јајниците
  • Јајцеводите
  • Надворешниот дел на матката
  • Дебелото црево

Бидејќи станува збор за ткиво кое е под влијание на хормоните, тоа значи дека под ниво дејство слузницата ќе се менува рагуларно како при секој менстуален циклус, односно ќе се јавува крвавење и на местата надвор од матката.

Главната прична зошто се јавува енометриозата не се знае, затоа се вика дека има многу фактои кои може да ја предизвикаат. Исто така постојат неколку теории кои се обиддуваат да дадат објаснение, но ниту една не е целосна, како на пример, теорија на враќање на менстуралната крв нагоре кон јајницте, промена на клетките, ширење преку лимфата и крвта итн.

Како да се познае?

  • Болна менструација (дисменореја)
  • Болен сексуален однос (диспареунија)
  • Болно мокрење (дизурија)
  • Болки при празнење
  • Абнормално вагинално крвавење
  • Замор
  • Неплодност

Значи еднометриозата не е инфектива, односо заразан болест која може да се пренесе и не претставува тумор или инфекција.

Терапија постои и третманот се избира на индивидуална основа. Во зависност од типот на ендометриоза и фазата, постојат повеќе видови на третман, на пример, орална хормонска контарцепција, нестероидни антиинфламаторни лекови, оперативно лекување.

Затоа се важни редовните гинеколошки прегледи. Ендометриозата се јавува кај девојки и жени кои се во репродуктивна возраст и таа  обично не се сретнува по менопаузата.

Leave a comment