Кога сме кај спиралата (хормоналната) да ги видиме најзначајните работи за неа:

 

 

  • ОПШТО: мала направа во форма на буквата Т направена од мека, флексибилна пластика и се става во матката од страна вашиот гинеколог.
  • Што треба да знам? Штити од некана бременост во период до 5 години.
  • Колку е сигурна? Бременост се случува кај 2 % за една година и збирна грешка на методот од приближно 0.7 % за 5 години.
  • Како функционира? Испушта локално хормони во матката.
  • Дали делува не мојот циклус ти менструација? Да, на почеток можни неправилни крварења, кои подоцна се регулираат и во иднина менструалните крававења стануваат полесни и со помалку болка
  • Дали може да добијам на килограми? Не.
  • Дали има ризик по моето здравје? Генерално не, потребано е консултација со својот гинеклог пред употреба (како што пишува и на секое апче во упатството уствари) 🙂
  • Дали може да останам бремена после користењето? Се разбира, штом се извади и прекине со употреба, секоја девојак и жена може да забремени.
  • Како се користи?
  • Ја поставува вашиот гинеколог преку стандарадна процедура. Истата останува во матката и не може да ја смени својата позиција. Истото се проверува на редовни гинеколошки прегледи кои и така мора да ги правите ако сте сексуални активни и водите сметка за своето здравје.
  • ВАЖНО: Не го прекинува сексот 🙂

Leave a comment