Сексуално однесување – први искуства, употреба на кондом и пилули (1)

Во последните неколку децении сексуалното однесување на младите се менува, станува полиберално и добива карактеристики на ризично сексуално однесување. Недоволната информираност, прераното започнување со сексуални односи, честото менување партнери, недоволната употреба на контрацептивна заштита, го зголемуваат ризикот од несакана бременост и/или од сексуално преносливите болести (СПИ), како ХИВ/СИДА/ХПВ и сл. Под влијание на традиционалните, најчесто морални норми и ограничувања, недоволната информираност, наспроти зголемената сексуална понуда, во услови на пораст на насилствата и сиромаштијата, децата рано и неподготвени започнуваат со сексуални односи. Раните бракови како дел од традиционалната култура ги зголемуваат ризиците. Истражувањата покажуваат дека младите не користат проверено ефикасни контрацептивни методи, како што е оралната хормонска контрацепција. Најчести причини се повторно недоволната информираност, но и непостојаноста на партнерите, нередовните сексуални односи, како и предрасудите за штетното дејство на оралната контрацепција. Недостигот од самодоверба и одлучност во воведувањето на редовна заштита, а со тоа и практикувањето безбеден секс во врската, особено кај девојчињата, го прават нивното сексуално однесување многу поризично. Постојат и финансиски бариери, како и страв од осудувачкиот однос на здравствените работници, кај кои младите би требало да се обратат за совет или помош.

Линк до истражувањето: ЗДРАВЈЕТО како квалитет на животот : социјални нееднаквости меѓу младите во Република Македонија : студија за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст http://www.hbsc.org/membership/countries/national%20PDFs/HBSC%20Macedonia%20National%20Report%20(2013).pdf

Leave a comment